Воз прегази две сестри во Србија – им паднале парите на пругата, па застанале да ги бараат

Двете пешки ја поминувале пругата, а се претпоставува дека оделе во посета на Здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ во Лапово

Патнички воз денеска прегази две жени кај Лапово во Република Србија, додека се движел на релација Земун – Ниш.

Според српски „Блиц“, двете жени биле сестри, а починале на местото на несреќата.

Двете сестри пешки ја поминувале пругата, а се претпоставува дека оделе во посета на Здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ во Лапово.

Наводно, како што пренесуваат српските медиуми, двете се наоѓале на пругата бидејќи им паднале парите, па застанале да ги бараат.

Во моментот на несреќата, ниту виделе, ниту слушнале дека им се приближува возот.

- Реклама -