Воведување асистент со вештачка интелигенција од Мајкрософт во здравствениот сектор

Мајкрософт ја претстави својата нова иницијатива која користи вештачка интелигенција за подобрување на здравствениот сектор, овозможувајќи автоматско евидентирање и диктирање на клинички прегледи. Овој иновативен систем вклучува технологии за гласовна дикција и амбиентално слушање, развиени од компанијата Нуансе, која Мајкрософт ја презеде во 2021 година. Според официјалното известување, примената на Драгон Копилот на корисниците им овозможува полесно водење документација, вклучувајќи автоматско земање белешки на повеќе јазици и диктирање на природен јазик. Покрај тоа, системот овозможува пребарување медицински информации од реномирани извори и автоматизира задачи како креирање белешки, резимеа на клинички докази, упатни писма и извештаи по прегледи. Главната цел е да се намали администрацијата за лекарите, за да можат повеќе да се посветат на пациентите, изјави Џо Петро, потпретседател за здравствени и биолошки решенија на Мајкрософт. Компанијата истакнува дека лекарите кои користат технологијата на Нуансе имаат пониско ниво на стрес, а 93 проценти од пациентите пријавиле подобрено искуство. Меѓутоа, Мајкрософт не е единствената компанија во овој сектор – Гугал исто така работи на развој на медицински алатки за вештачка интелигенција за идентификација на здравствени ризици и анализирање медицински слики преку својот Вортекс АИ пребарувач. Минатата година, Американската агенција за храна и лекови издаде упатства за употреба на генеративна вештачка интелигенција во медицината, подвлекувајќи ги нејзините потенцијални придобивки и ризици, меѓу кои и можноста за добивање неточни информации. Мајкрософт се залага за „одговорен развој на технологијата за вештачка интелигенција“, нагласувајќи ја важноста на безбедна инфраструктура што ги штити точноста и усогласеноста со медицинските прописи.