Временска прогноза за неделава

Невообичаено Топло Време

Минималната температура во наредниот период ќе се движи помеѓу 11 и 19 степени, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе опадне до 18 степени, додека максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на много топла воздушна маса која доаѓа од југ, времето во текот на седмицата ќе остане сончево и многу топло, со можност за појава на локална облачност преку денот.

Во текот на денот, температурите ќе бидат над 30 степени, а на некои места се очекува да достигнат и до 40 степени.