Воркапиќ се приклучи на Вардар 1961.

Вукашин Воркапиќ, репрезентативец на Србија, потпиша договор со Вардар 1961 на рок од две и пол години.

Иако иницијално беше планирано неговото пристигнување во Скопје на крајот од сезоната, финансиските проблеми со кои се соочува Војводина значително ја забрзаа реализацијата на овој трансфер.

Тој ќе направи свој деби во дресот на македонскиот шампион, во дерби натпреварот против Алкалоид.

Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило, а поголемиот дел од својата кариера го помина во Војводина, каде што учествуваше во Челинџер купот и Лигата на Европа.

Покрај играњето за Војводина, самоуверено настапуваше и за Металопластика од Шабац, како и за францускиот клуб Иври.

Прочитајте и:  Десет возачи лишени од слобода, некои управувале возилото без дозвола и под влијание на алкохол

Фото: facebook.com/rkvardar