Израелската воена операција против Иран сè уште не е завршена, а нови акции се планирани. Сепак, оценката на началникот на Генералштабот на Израел, генерал-потполковник Ејал Замир, е дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) во моментов ќе се концентрираат на конфликтот во Појасот Газа.
„Завршивме со значајна фаза, но нашата борба против Иран продолжува. Влегуваме во нова етапа, со цел да ја надградиме она што досега е постигнато“, изјави Замир во соопштението објавено од воената прес-служба.
Генералот истакна дека израелската армија и сите учесници во операциите против Иран заслужуваат пофалби за нивната работа.
„Успеавме да го вратиме Ирановата нуклеарна програма многу години наназад, а истото важи и за нивната ракетна програма. Соега, нашето внимание се насочува кон Газа – враќање на заложниците и уништување на режимот на Хамас“, нагласи генерал Замир.




