Водич за среќа

Култниот американски филозоф и психолог Mihaly Csikszentmihalyi посветил голем дел од животот проучувајки го феноменот на среќата. Поради тоа се смета за основач на една од најпопуларните теории во областа на позитивната психологија која е позната како тек или протекување (flow) и се темели на вештината „know how” односно да се знае како.

Всушност станува збор за состојба во која се губи чувството за време и отсуствуваат сите стравови на умот, а тоа нуди апсолутно уживање во животот.

Еве ги клучните ставки на неговата теорија!

Среќата не се случува

Среќата е вештина која се учи. Не заборавајте дека вие со сопствените мисли или ја поттикнувате или ја отурнувате сопствената среќа. Само вие сте одлучувачки фактор за тоа што ви се случува.

a-happiness-that-never-ends-beach-day-girl-happiness-smile-summer

Зошто некои се среќни, а други – не?

Овој психолог смета дека постојат две групи на луѓе. Првата ја сочинуваат оние кои многу изгубиле во животот, но загубата на здравјето или блиските не ги скршила. Токму тие, спротивно од очекувањата пронашле нова смисла на постоењето и поинакви стимули за саморазвивање и стремење кон среќата. И токму тие се многу посреќни од оние кон кои судбината била поблаго наклонета.

Втората група ја сочинуваат оние луѓе со уметничка душа. Сликарите, музичарите, писателите кои кога се занимавале со омилената активност биле целосно посветени на истата и на некој начин паѓале во некаков творечки транс. Вештината „да се знае како“ е всушност присутна кај оние личности кои се способни да го контролираат сознанието и да управуваат со сопствената психичка енергија.

H

Материјалните богатства не се гаранција за среќа

Тие се способни да го подобрат животот, но доколку не знаете да управувате со енергијата секогаш нешто ќе ви недостига. Аналогно на тоа, постојат два типа реакции на стресот, првата кога ги обвинувате сите други за вашата несреќа и втората кога ја барате способноста во сопствените сили да ги средите нештата клучни за вашата благосостојба. Кога ве напаѓа стресот научете да ги блокирате гневот и воопшто сите емоции. Настрана од сите емоции разгледајте ги сите алтернативни стратегии за решаваше на негативната ситуација.

Научете да бидете задоволни секој ден

Наједноставен начин да бидете среќни секојдневно е да направите список на нешта кои ви одат од рака и секојдневно да ги повторувате, но внимавајте тие да не бидат ниту премногу сложени за да не се нервирате, ниту премногу едноставни за да не ви здосадат. Не заборавајте секојдневно да се подигате едно ниво повисоко во остварувањето на поставените задачи.

happiness_boy

Пронајдете ја смислата

Поделете ја сопствената психичка енергија на нештата кои ве прават среќни. Елиминарајте ги сите сомнежи, самосожалувања, чувствата на страв или вина.

Дејствувајте спонтано

Единствен правилен начин на живот е оној да дејствувате спонтано, не размислувајки за конкретните негативни последици што може да се случат. Имајте доверба во споствените способности, во светот во целина како и во сопственото место под сонцето. Бидете самоуверени и решенијата ќе доаѓаат сами по себе.

article400_Man_happiness-420x0

 

 

- Реклама -