Денес, започнувајќи од 12:00 часот, во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе имате можност да ги разгледате трите актуелни меѓународни изложби под водство на кустосот Бојана Јанева:
– „45 години ФЛУ“ – Јубилејна изложба како резултат на соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ–Скопје.
– „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – Презентација на дела од француските колекции на мсуЛион и МСУ–Скопје, курирана од Матје Лелиевр, директор на Одделот за колекции при мсуЛион.
– „Калдер: Флуидна модерност“ – Изложба посветена на звучната композиција на Дорит Крајслер, создадена во интеракција со мобилот на Александар Калдер, под кураторство на Нада Прља.
Ова е една од последните прилики да ги прегледате овие изложби пред нивното затворање. По 13:00 часот, ќе се одржи матине со музички селекции од ДЈ Дарко Јорданов. За најмладите посетители се организира Детско катче, каде ќе можат да цртаат инспирирани од изложбите.