Оваа сабота, 17 мај, почнувајќи од пладне, Музејот на современа уметност – Скопје ве повикува на „МСУ Водич“ и Матине дружење. Во 12:00 часот, кустос Бојана Јанева ќе ве води низ трите тековни изложби:
• „45 години ФЛУ“ – Изложба што го одбележува јубилејот на соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ – Скопје.
• „Форми што летаат: уметници од светот во француските колекции“ – Изложба на дела од француските колекции на мсуЛион и МСУ – Скопје, курирана од Матје Лелиевр, директор на колекциите во мсуЛион.
• „Калдер: Флуидена модерност“ – Изложба која истакнува звукот на Дорит Крајслер, создаден во интеракција со мобилот на Александар Калдер, курирана од Нада Прља.
Ова е една од последните шанси да ги видите овие изложби пред да се затворат. Потоа, во 13:00, следува матине дружење со музички избор на ДЈ Дарко Јорданов. За децата е обезбедено Катче за цртање инспирирано од изложбите.
Соработници и партнери се Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, мсуЛион, француските и австриските амбасади, Францускиот институт во Скопје и градот Лион, со поддршка од Тиквеш и Heineken.
Изложба на насловната фотографија: дела од Шурук Хриш, Пјер Алешински, Зора Штак и Марио Прасинос.