(Во живо) Сестра на поранешен припадник на ЕБР: Мојот брат беше деградиран и осуден на 11 години затвор поради симпатиите кон ВМРО-ДПМНЕ и настаните од 27 април

Гости во емисијата „Претрес со Ландов” се Јасмина Стојановска, сестра на Драган Стојановски, специјалец од единицата за борба против организиран криминал, кој е осуден на 11 години затвор поради нелегално тргување со дрога и оружје. Во студиото се наоѓа и неговиот адвокат, Ристо Катавеновски, поранешен и разрешен врховен судија.

„Не можев да верувам дека брат ми ќе се најде на обвинителна клупа за овие тешки дела. Во 2023 година, полицијата направи претрес во нашиот дом барајќи дрога и оружје, но не пронајдоа ништо. Брат ми не е криминалец; си ја сакаше работата. По настаните на 27 април, тој беше префрлен од единицата за борба против криминал во единицата за обезбедување лица, бидејќи беше симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. После тие настани, започнаа сите постапки против него. Тој доби дисциплинска казна за непостапување”, изјавува Јасмина Стојановска и посочува дека немал наредба за интервенција. Негови фотографии, како доказ за случувањата на 27 април, биле објавени во емисијата „КОД”.

Ве молиме да следите во живо: