Јане Ченто: Борбата за правда и сеќавањата на историјата
Јане Ченто, кој беше правосилно осуден на 13 години затвор по настаните од 27 април 2017 година, ексклузивно гостува во емисијата „Претрес со Ландов“. Ченто беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок, поврзано со инцидентите во Собранието. Тој ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска и најавува дека ќе се бори за вистинска правда за настаните од 27 април, поради одлуката на Апелациониот суд да не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието. По осум години зад решетки, Ченто тврди дека е неправедно осуден и настојува да ја искриси правдата, истакнувајќи дека никогаш не се предал и од затворот се борал за падот на претходната власт.
„Правосудството 25 години е рак-рана на нашето општество. 27 април беше монтиран политички процес. Преку нас беше удрено на Македонија“, вели Ченто.
Во врска со веста објавена минатиот ноември, дека станал сопственик на градежна фирма во Прилеп, тој истакнува дека влегол со удел од 10 проценти, но досега не имаат започнато со некој поголем проект. Пред 2015 година бил вработен во Владата, а потоа во УЈП во Прилеп.
„Сум активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Немам никаква поврзаност со Миле Јанакиевски. Додека лежевме во затвор, Вилма Русковска беше вовлечена во процесот на менување на името. Ниско е да се споредувам со неа кој е поголем патриот, бидејќи таа беше најревносен извршител. Тие кои ни направија неправди, треба први да одговараат. Надвор од памет е да ме судат за терористичко загрозување“, додава Ченто.
Јане Ченто е правнук на Методија Андонов Ченто, борец и прв претседател на АСНОМ, кој се борел за самостојна и обединета Македонија, но бил осуден на 11 години затвор поради конфликт со тогашните власти.




