(Во живо) Богдан Илиевски: Вилма Русковска е опасност и ќе подлежи на одговорност

Богдан Илиевски-Бетмен Велит во „Претрес со Ландов”: надеж за правда

Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, изрази надеж дека поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ќе одговори за своите постапки во случајот поврзан со настаните на 27 април. „Ако продолжи да биде жива и здрава, ќе мора да одговара. Вилма Русковска е вирус – не само во смисла на своето влијание, туку и како акроним од нејзиното име и презиме”, изјави Илиевски.

Според него, акцентот треба да биде ставен на Вилма, а не на Нинџа, кој има четири различни искази. Нинџа тврди дека дал лажен исказ, но Илиевски сè уште не поднел обвинение против Русковска. Имајќи ја предвид ситуацијата, не ја отфрла можноста за приклучување на заедничка тужба против неа, сакајќи да постигне правда. „Некогаш осветата се сервира со блага насмевка”, заклучи Бетмен Велит.

Прочитајте и:  Без електрична енергија дел од жителите на Кучково