Во запален стан во Струмица открито починато лице

Во запален стан во Струмица, на улицата „Благој Јанков Мучето“, денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информациите, пожарот избувнал во стан на четврти кат од колективната станбена зграда. Во гаснењето на огнот учествувале три противпожарни возила и седум пожарникари.

„Другите станови во зградата се заштитени од огнената стихија и сите станари успешно се евакуирани“, соопштуваат од ТППЕ Струмица.

На местото на настанот, увид извршиле инспектори за пожари, полицијата и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица.