Во Вашингтон денес се одржува Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД.

По четиригодишна пауза, во Вашингтон денес ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и Сједињените Држави. Делегацијата, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе опфати и министри како Панче Тошковски за внатрешни работи, Владо Мисајловски за одбрана, и Стефан Андоновски за дигитална трансформација, како и други високи владини претставници.

Прочитајте и:  Орбан: Многу граѓани учествуваат во изборите, тоа носи само едно значење