Секоја нова терористичка закана од Пакистан ќе биде решително спречена со употреба на крстосувачките ракети „Брамос“, чија производствена линија е резултат на соработката помеѓу Индија и Русија. Ова го изјави премиерот на Индија, Нарендра Моди, за време на неговиот говор во Варанаси.
Ракетите „Брамос“ ќе се произведуваат во Лакнау, во сојузната држава Утар Прадеш. Премиерот нагласи дека во случај на повторно напад од Пакистан, овие ракети ќе бидат искористени за да ги елиминираат терористите, додавајќи дека самото спомнување на „Брамос“ во Пакистан предизвикува значителна загриженост.
Моди потсети дека светот имал можност да се увери во способноста на индиските одбранбени системи во рамките на операцијата „Синдур“, со посебен акцент на домашните системи за противвоздушна одбрана, ракетите и беспилотните летала.




