Во Република Хрватска отворено ново училиште за изучување на македонскиот јазик и култура.

Во градот Света Недела, кој се наоѓа во непосредна близина на Самобор, свечено беше одбележан почетокот на часовите за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата за отворање на оваа програма потекна од граѓанската сфера, а главен иницијатор е професорката Ивана Брезовец, која веќе подучува ист предмет во Првата гимназија во Загреб и активно работи на промоција на македонскиот јазик и култура во регионот.