Во македонскиот Културно-информационен центар во Загреб отворена изложба на Асоцијацијата за култура ИКОН под наслов „Светови на умот“.

Изложба на современи македонски уметници во КИЦ Загреб

Вчеравечер, македонскиот КИЦ во Загреб собра голем број љубители на уметноста, кои имаа прилика да ги истражат делата на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски. Нивните творби, дизајнирани преку цртежи, слики, графики, илустрации и анимации, проникнуваат во внатрешните пејзажи и личните состојања, откривајќи низа сеќавања и фрагменти од современото искуство.

На отворањето на изложбата „Mind(e)scapes“, организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН, се обрати директорката на КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Таа ја истакна важноста на уметноста за комуникација и општествена рефлексија, истакнувајќи дека изложбата ја прикажува современата македонска уметност пред меѓународната публика. „Mind(e)scapes“ обединува четири различни, но комплементарни авторски пристапи, создавајќи дијалог помеѓу индивидуалните поетики и поширокиот културен контекст.

Прочитајте и:  Шкендија забележа индискутабилна и висока победа против Европа во КЛ

На присутните им се обрати и кураторката на изложбата, Марија Коробар, која објасни дека концептот на изложбата е всушност простор на внатрешни пејзажи, лични слики и сеќавања, но и елементи на хумор и имагинација. Насловот „Mind(e)scapes“ игра со поимите mindscapes и escapes, отворајќи можности за размислување за уметноста како ментален простор и бегство од секојдневието. Изложбата ја истражува менталната просторност како уметнички мотив и алатка за визуелизација на размисли, чувства и спознанија.

Оваа изложба е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам, и ќе остане отворена до 2 јуни.