Во кои делови ќе нема вода денес

Целосното исклучување на водоснабдувањето се очекува во утринските часови во сабота, по што веднаш ќе започнат работните активности на главниот цевковод. Планирано е да се заменат големи затворачи, или шибери, со дијаметар од 1.600 милиметри.

Станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод на десната страна од реката Вардар, вклучувајќи ги подрачјата од „СП Планет“ во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, па сè до Зелениково и Студеничани. Овие подрачја ќе останат без вода, информираа од Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато и во ниската зона на Автокоманда.

Од друга страна, подрачјата на Гази Баба, Општина Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарската улица (до американската Амбасада), Визбегово, Бардовци, високата зона на Автокоманда, Ѓорче Петров (од „СП Планет“ до Сарај), Сарај, Маџари и Сингелиќ ќе имаат вода.

Од претпријатието не прецизираа колку време ќе трае интервенцијата, но нагласија дека се работи за сложен зафат на една од главните магистрални цевки, кој се изведува еднаш во 50-60 години. Операцијата е одложувана повеќе од една деценија, а дефектот е еден од четирите што ќе се санираат за време на викендот.

Градските власти изјавија дека за оваа санација нема да има потреба од дотур на вода и дека интервенцијата