Неврохируршкиот тим на Клиниката Жан Митрев успешно реализираше операција на 60-годишна пациентка, кај која беше утврден комплексен тумор на мозокот. Туморот се наоѓаше на основата на черепот и во непосредна близина на витални крвни садови во мозокот. Интервенцијата ја спроведе тимот составен од проф. д-р Владимир Рендевски и д-р Михаил Таушанов, кои применија микроневрохируршка техника за време на самиот зафат.




