Во Келн бевме аутсајдери со Вардар, но Ф4 турнирот е навистина уникатен

Во пресрет на машкиот ракометен финален турнир во Келн, Дејан Милосављев за “Моцарт Спорт” зборуваше за различни теми, вклучувајќи и своето искуство со македонскиот клуб Вардар.

„Кога ја освоивме титулата со Вардар во 2019 година, почнавме како аутсајдери, со најниска позиција во рангирањето, а на крајот на краиштата се искачивме на пиедесталот. Финалниот турнир е специјално искуство, поразлично од сè друго. Играње на два натпревари за два дена е вистински предизвик. Деталите играат клучна улога – кој ќе биде во подобра форма, кој голман ќе блесне“, истакна исклучителниот голман.

Во последно време, се шпекулира за неговото заминување од Берлин по завршувањето на актуелниот договор, а како потенцијални нови клубови се спомнуваат Веспрем, ПИК Сегед и дури и Барселона.

Прочитајте и:  (Фото) Новиот Клинички центар ќе се гради кај „Борис Трајковски“, ќе биде поврзан подземно со болницата „8 Септември“, најави Мицкоски.

„Чекам од Берлин да се изјаснат. Досега, клубот не е конкретен. Влегувам во последната година од мојот договор, а не знам каде ќе продолжам со играњето од 2026 година. Едно е сигурно – нема да започнам следната сезона без договор. Во ракометот, обично знаеш каде ќе одеш. Потребен ми е мир, да знам што ме очекува во иднина. Слично беше и кога брав за Вардар, кога претходно се согласив да преминам во Берлин. Ќе видиме каков ќе биде исходот од оваа завршница во Келн, а од следниот понеделник ќе имаме повеќе информации“, додаде Милосављев.

Во полуфиналето, Фуксе Берлин ќе се соочи со Нант, додека во вториот натпревар ќе се сретнат Барселона и Магдебург.