Во текот на изминатата недела, во Грција се регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил, при што четири лица загубиле живот. Овие податоци произлегуваат од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), известува дописничката на МИА од Атина. Од стартот на оваа сезона, заклучно со вчерашниот ден, во земјата се пријавени вкупно 157 домашни случаи на заразата.




