Нова метода за дијагностика на срцеви заболувања
Методата нуди подетална проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што овозможува поконкретна дијагностика и подобро планирање на третманот за пациенти со срцеви проблеми. Ова е од особено значење во ситуации каде што традиционалните дијагностички тестови не успеваат да ги идентификуваат причините за симптомите, истакнуваат медицинските експерти.
„Внесувањето на ‘корофлоу’ е значаен напредок во модернизацијата на кардиолошката дијагностика во нашата држава и сведочи за стремежот на локалните здравствени установи да ги применуваат најновите светски иновации во медицината“, се наведува во изјавата на Министерството за здравство.


