Се докажа дека власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, е до гуша во корупција – порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по повод именувањето на Груби и судијсата Енвер Беџети на црната листа на САД.
„Причината за која се ставени на црна листа на САД, е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети, се вмешани во значителна корупција преку примање мито за поткупување судски процеси поврзани со Мијалков“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со ова се докажува дека на партнерот на СДС, ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали“, се вели во соопштението.
„Овие луѓе се срам за Македонија!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.