Правосудниот систем во Македонија е заробен од страна на влијателните кругови на СДС и ДУИ. Наместо да се справува со обемната корупција и криминал, тој стана инструмент за нивна заштита, ставајќи се во улога на штит за оние кои се одговорни за финансиски злоупотреби и беззаконие.
Оваа заштита на политичките моќници не е без надомест. Судии и обвинители, кои наместо да ја вршат својата должност чесно, одбрале да ги штитат високо позиционираните криминалци од редовите на СДС и ДУИ, профитирајќи значително од нивната привилегирана положба.
Доказ за ова се нивните огромни имоти – луксузни домови,скапи автомобили,повеќе станови,како и земјишта од различен вид,градежни и земјоделски,деловни простори. Се чини дека вакви средства не можат да се стекнат само со плата од правосудниот сектор, туку произлегуваат од финансиските договори со политичките патрони.
Некои од овие судии, како Добрила Кацарска и Илија Трпков, во соработка со партиските обвинители Љупчо Коцевски и Вилма Рускоска, значително ѝ наштетија на правдата, а во исто време се стекнаа со значителни привилегии. Кацарска, како награда за својата лојалност кон СДС, беше унапредена во функцијата уставен судија, додека Рускоска, и покрај бројните пропусти во работата, комотно остана на својата позиција до пензија.
Овие две личности, како и другите нивни соработници, беа наградени и за нивната улога во случајот од 27 април, каде со судски пресуди обликувани според политички директиви, беа изречени казни од вкупно 200 години затвор во процес кој многумина оценија како некоректен и суров. Со исцрпувачки рочишта кои траеја со часови, тие дополнително вршеа притисок врз обвинетите.
Покрај тоа, судијата Илија Трпков, кој со години водеше неизвесни постапки, одолговлекувајќи и манипулирајќи со предметите, и обвинителот Љупчо Коцевски, кој одби да преземе соодветни постапки и покрај очигледните незаконитости, одиграа клучна улога во правосудната неправда.
Затоа, неопходно е да се испита нивната работа и да се открие каква корист стекнале од овие процеси. Дополнително, потребно е детално да се провери потеклото на нивниот имот и капитал, како и на сите оние кои, како партиски послушници, забрзано го зголемија своето богатство.
Очигледно е зошто СДС и ДУИ жестоко се спротивставуваат на промените во правосудството – загрижени се дека ќе ги загубат своите заштитници, кои наместо да служат на законите, претпочитаат да служат на одредени политички структури.
Но, одговорност мора да има и правото мора да надвладее. Македонија ќе стане држава во која правдата е недопирлива од политички влијанија. Времето на контролираното судство и лицата кои ја злоупотребуваат својата функција за лична корист доаѓа до својот крај.




