Мирчески кој крадел и злоупотребил народни пари е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање. Доколку Филипче не го разреши другар му Мирчески кој има сторено низа криминални дела и не се дистанцира од Мирчески и нему сличните од кланот на Заев, СДС само ќе продолжат да тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС е партија која е криминално мочуриште, СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчески кој е фатен во криминал и проневера на државни пари наместо за интерес на службата и Владата работел за свој личен профит“,
се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека и покрај истрагата против ексдиректорот на СОЗР, кој е во притвор, тој се уште има партиска функција.
„Пеце Мирчески кој како функционер ја крадел државата се уште е на партиска функција во СДС според нивната партиска интернет страница. Мирчески кој крадел и злоупотребил народни пари е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање. Доколку Филипче не го разреши другар му Мирчески кој има сторено низа криминални дела и не се дистанцира од Мирчески и нему сличните од кланот на Заев, СДС само ќе продолжат да тонат се подлабоко во политичкото мочуриште“,
порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.