Прослава на 35-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Утрово, на историското место Хераклеа во Битола, партијата ВМРО-ДПМНЕ свечено го одбележа својот 35-ти роденден.
На прославата присуствуваа бројни гости, истакнати функционери, членови и симпатизери на партијата. За веселата атмосфера се погрижија македонски уметници, меѓу кои и познатата група „Меморија“.
Настанот се одржа на локалитетот Хераклеа, а свој говор пред присутните одржа лидерот на партијата и актуелниот премиер Христијан Мицкоски.




