ВМРО-ДПМНЕ до Заев

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последниот јавен настап на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи го дека, како што велат, се обиде да го оправда криминалот поврзан со значителните заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата истакнуваат дека во последно време јавноста е сведок на конфискација на големи количини дрога, која, според нив, потекнува од компании и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување.

„Олицетворение на криминалот и главата на корупциската мрежа, Зоран Заев, се јави во одбрана на својот криминал, чија заплена се случува во неговата родна Струмица. Неговите блиски соработници, за кои тој заедно со Венко Филипче додели лиценци за одгледување марихуана за медицински цели, сега гледаме дека тие не го користат канабисот за легитимни намени, туку за нелегална продажба на дрога. Повеќе од 20 тони дрога беа конфискани само од компанијата “ЦБД Медплант”, во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село за време на владеењето на Заев. Заев и Венко им доделија лиценци на овие лица, а сега гледаме како тоа заврши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го означуваат Заев како „татко на бизнисот со канабис“ и прашуваат дали неговото семејство или блиски луѓе се вклучени во тој бизнис. „Зошто толку јавно лаже? Исто така, постојат сведоштва од негови познаници кои зборуваат за неговото потенцијално градење облакодери во Дубаи. Заев треба јавно да објасни на кој начин и врз кој основ стигнал до златна виза во Дубаи“, додаваат од партијата.

„Заев е толку исплашен од одговорноста што изгледа дека станува клаустрофобичен. Сите знаат дека тој е лидер на СДС, а Венко е неговиот партиски заштитник. Справедливост и одговорност ќе има!“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.