Не можам да го замислам современото лице на Македонија без ВМРО-ДПМНЕ. Кога станува збор за патриотизмот, личниот поглед на овој концепт го добивам преку делувањето на претседателот Христијан Мицкоски и Владата која тој ја води. За нецела година, успеаа да реализираат проекти во Македонија, кои претходните влади не успеаја да ги завршат ни за седум години, истакна Мане Јаковлевски од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел-дискусија со наслов „Идеја што не запира, вредности што носат промени“.
Јаковлевски подчерта дека ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, делува како заштитник на националните интереси.
— Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што иницира проекти, туку и активно штити национални интереси. Не можам да замислам Македонија без ВМРО-ДПМНЕ. Господ знае каде би нè однеле оние кои седум години ја пљачкаа нашата држава, променувајќи имиња на институции и продирајќи во државните ресурси. Создаваа хаос наместо да работат за доброто на Македонија, додаде Јаковлевски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е првата и најзначајната институција која ги претставува интересите на нашата земја.
— Покрај активностите кои се реализираат и проектите во тек, очекувам во блиска иднина овие напори што ги вложува Владата да послужат како основа за обединување на Македонците. Кога ќе ги разгледаме последните локални и парламентарни избори, ќе видиме дека поголемиот дел од народот ни даде поддршка. Откако ќе завршат тековните проекти, верувам дека Македонците уште повеќе ќе се поврзат со ВМРО-ДПМНЕ, што за мене ќе биде знак за почеток на вистинското обединување во Македонија, заклучи Јаковлевски.