Владата ги усвои ОВИЕ СОВЕТИ

Министерството за здравство известува дека, според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи, топлотниот бран со температури над 40°C ќе трае до 26 јули 2025 година.

Имајќи предвид негативниот ефект од долготрајното излагање на високи температури, особено за ранливите групи, Владата, по предлог на Министерството за здравство, донесе нови препораки за работодавачите кои ќе важат од 23 до 26 јули 2025 година:

– Препорачува се ослободување од работни обврски за бремени жени и лица стари од 60 години.
– Каде што е можно, да се овозмои работа од далечина, флексибилно или на половина работно време.
– Овие мерки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравствените установи, полицијата, армијата, транспортот, енергетските компании и јавните комунални служби.

Дополнително, Владата истакнува важноста на веќе воспоставените мерки во рамките на акцискиот план:

• Одложување на работните активности од 11:00 до 17:00 часот за оние кои се изложени на директна топлина.
• Обврска за создавање на услови за работа со температура до 25°C, освен каде што работата не дозволува.
• Континуирано информирање на јавноста преку соодветни институции.
• Активирање на интерни протоколи за работа во вонредни состојби во здравствените установи, домови за стари лица и образовни институции.

Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се охрабруваат да ги продолжат своите активности.

Министерството за здравство апелира до населението да се придржува до постоечките совети за лична заштита:

• Престојувајте во разладени простории, особено од 11:00 до 17:00 часот.
• Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
• Носете лесна и светла облека, користете заштита за глава и очи.
• Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови.
• Внимавајте на деца, стари лица, хронично болни и бремени жени – тие се особено чувствителни.
• При појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – итно побарајте медицинска помош.
• Обезбедете разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.
• Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

Министерството за здравство ќе продолжи со редовен мониторинг на ситуацијата и ќе реагира соодветно во зависност од потребите.