„Вкусно: Протеински Сендвич со Неверојатно Кремаста Салата!“

Секогаш сум во потрага по нови и креативни идеи за појадок кои се брзи за подготовка, хранливи и обезбедуваат енергија за цел ден. Така настана концептот за брзиот протеински сендвич, идеален за носење на работа, училиште, после тренинг или на излет во природа. Балансирањето на оброците и внесувањето на сите потребни хранливи состојки (особено протеини) во текот на денот беше предизвик, но сега со новиот протеински леб од Жито Лукс, тоа е многу полесно. Содржи 10 г растителни протеини во две парчиња леб, кои обезбедуваат ситост и енергија.

Потребни состојки за 2 сендвичи: 4 парчиња протеински леб од Жито Лукс, 4 варени јајца, 1 лажица грчки јогурт, 1 мала лажица сенф, 1 лажица исцекан магдонос, 1 корнишон, сол и мелен црн пипер по вкус, листови марула, спанаќ или рукола по желба.

Начин на подготовка: парчињата леб запечете ги на тостер. Излупете ги јајцата. Две цели и две белки исечкајте ги на коцки и ставете во длабок сад. Истото направете го и со киселата краставичка, додавајќи ја во садот со јајцата. Додајте го грчкиот јогурт, сенфот, магдоносот, сол и мелениот црн пипер и добро измешајте. На првото парче леб ставете марула и додајте од смесата. Постете со лист марула и додајте го второто парче леб.

Совети: грчкиот јогурт може да се замени со мајонез или кисела павлака, а магдоносот со млад кромид или власец. Новиот протеински леб го збогатува оброкот со јагленихидрати и растителни протеини од грашок и наут и е препорачан за оние што вежбаат или одржуваат здрава исхрана.