„Навистина, во најбрз можен рок, неопходно е конечно да го поразиме противникот што е длабоко вкоренет во областа Курск и сè уште тука спроведува одбранбени активности“, изјави рускиот претседател. Владимир Путин денеска го посети западниот дел на Русија, регионот Курск, за прв пат откако украинските сили минатата година во август зазедоа дел од оваа територија, пренесува Ројтерс. Носејќи воена униформа, Путин ги посети контролните пунктови што руските единици ги користат во областа Курск.
Во обраќањето до руските воени лидери, Путин потенцираше дека „во краток рок, треба да се надмине непријателот што продолжува со одбранбените операции во регионот Курск“. Шефот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, го информираше претседателот дека украинските сили во моментот се опколени во оваа областа. Путин истакна дека Русија треба да ги третира украинските воени заробеници во регионот како терористи. „Поединците кои се наоѓаат во областа Курск и извршуваат злосторства против цивилите, спротиставувајќи се на нашите воени сили и агенции за спроведување на законот, се непријатели кон кои треба да се однесуваме како кон терористи,“ објасни Путин, наведувајќи дека Русија нема да ги примени Женевските конвенции на странските борци кои учествуваат на украинската страна.