Видеолотаријата овој викенд му дава поддршка на Игор Стефановски Иџе, кој се подготвува за нов предизвик во Германија.

После исклучително напорен и непредвидлив викенд во Чешка, исполнет со многу предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски се подготвува за нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.

„На жалост, последиците од силниот удар што го претрпев при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај неуморната работа на мојот тим, автомобилот не е враќен во идеалната состојба пред инцидентот. Работевме неуморно за да го подготвиме што подобро за настапот во Германија,“ вели Иџе.

Во моментов, најважно е техничката комисија на FIA, по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни го одобри настапот. Тоа е првата и најзначајна битка што треба да ја добиеме пред да застанеме на стартот, додава Стефановски.

„Се надевам дека сѐ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене, туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот,“ смета Стефановски.

Прочитајте и:  Викенд на граничните премини – на ГП Дојран создадени километарски колони за Грција, излезени 22.000 патници од Македонија

По завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија за детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици.

„Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се покажува вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд ќе биде тежок, но ќе дадеме сè од нас за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овој пат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.