Видеолотарија Касинос Австрија со големо задоволство објавува дека стана генерален спонзор на „Танц Фест 2026“. Оваа година фестивалот ќе го донесе уметничкиот израз на повеќе сцени, во два града – Скопје и Битола, во периодот од 18 април до 5 мај 2026 година.
Од моментот на своето основање во 2005 година, „Танц Фест“ активно работи на афирмација на сцената на современиот танц во Македонија. Фестивалот, создаден и уметнички воден од реномираната кореографка Рисима Рисимкин и организиран од Интерарт Културниот Центар, претставува првиот и најдолговечен интернационален фестивал во оваа области во земјата.
Свеченото отворање на 22-то издание на „Танц Фест Скопје“ е закажано за 18 април 2026 година, со почеток во 20 часот, и ќе се одржи во Македонскиот народен театар. Гала вечерта ќе ја предводи ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на најдобрите уметници и млади таленти. Во текот на настанот, исто така, ќе бидат објавени победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“, награда чиј покровител е претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Интерарт Културниот Центар изразува искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата и поддршката: „Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија, фестивалот добива нова димензија за развој, што овозможува реализација на врвни продукции и поддршка на нови генерации уметници. Се надеваме дека ова партнерство ќе постави основа за долготрајна соработка, насочена кон одржлив развој и заедничко креирање нови можности во современиот танц.“
Поддршката на културните проекти е важен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Како компанија, веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво, вредности што ја збогатуваат нашата заедница и придонесуваат за одржлив развој на општеството.




