Студентите бараат лицата што ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети
Седуммина студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на профилот „Студенти у блокади“ на социјалната мрежа Икс.
Како што изјавија, напаѓачите кон студените фрлале стаклени и пластични шишиња.
„Една студентка беше турната по скалите и падна на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Итната помош беше пренесена во болница за да ѝ биде укажана прва помош“,
напишаа студентите.
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
По инцидентот, непознати лица пристигнале со возила за да ги отстранат доказите од Правниот факултет, додаваат студентите.
„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“,
изјави дежурниот лекар од Итната медицинска помош, јавува Н1.
Pravni fakultet: “Prema informacijama koje trenutno imamo od svedoka, uhapšeno je samo jedno lice od navodnih šest lica koji su učestvovali u večerašnjem napadu na studente!” pic.twitter.com/d6kX9vUZDz
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
Студентите бараат лицата што ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.
На снимката објавена на Икс се гледа како полицијата апси едно лице осомничено за учество во нападот врз студентите.
„Според информациите што во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина кои учествувале во вечерашниот напад врз студенти“,
напишаа студентите на Икс.
Во Србија студентите блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде што на 1 ноември 2024 година се урна натстрешница на Железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.