Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (13 февруари 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Незадоволството од цените на прехранбените производи дома беше причина да провериме како е во непосредното соседство – исти продукти купивме во Грција, Бугарија, Србија, Косово и Македонија и ги споредивме цените;
– По телефонскиот разговор Трамп – Путин за ставање крај на војната во Украина прашање за американскиот секретар за одбрана – нели е тоа предавство на сите украински војници што ги жртвуваа животите за целовитоста на својата земја;
– Во Брисел состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО – дебата за потребата од зголемување на буџетите за одбрана и на производството на оружје; интервјуа со министерот Владо Мисајловски и со заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска;
– Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, со прва јавна изјава по реакциите за Концепцијата за гимназиско образование;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.