(Видео) Уметноста на Јамал, Барселона триумфира против Билбао

Фудбалерите на Барселона славеа минимална победа од 1:0 против Атлетик во Билбао во натпреварот од 27-то коло на шпанската Ла Лига.

Избраниците на Ханси Флик конечно го скршија отпорот на домаќините во 68-та минута, а поготокот го постигна Ламин Јамал, кој беше прецизен по асистенција од Педри.

Јамал, со мајсторска техника, успеа да го матира голманот на Атлетик од самата граница на шеснаесетникот.

Барселона ја забележа својата 22-та победа оваа сезона, задржувајќи предност од четири бода во однос на Реал Мадрид.

Атлетик Билбао, од друга страна, доживеа пораз по 12-ти пат и сега е на деветтото место со 35 бода.

Прочитајте и:  (Видео) Јакимовски: Осуден сум поради политика, а не заради кривично дело.

Фото: EPA