ВИДЕО| Тепачка меѓу фудбалери на Уругвај и навивачи на Колумбија


Грди сцени следуваа по полуфиналниот натпревар на Копа Америка во кој фудбалерите на Колумбија го совладаа Уругвај со 1>0, па уругвајските репрезентативци се пресметаа со навивачите на ривалската репрезентација.

Натпреварот се играше во Шарлот, а на бројни видеа се гледа дека по натпреварот неколку уругвајски фудбалери се качуваат на трибините и физички се пресметаат со навивачите на Колумбија. Во центарот на нередите на трибините од играчите на Уругвај се издвоија Дарвин Нуњез и Роналд Араухо.

„Ова е катастрофа. Немаше полиција и моравме да ги браниме нашите семејства на трибините. Меѓу нив имаше и мали деца. Срамно“, изјави капитенот на Уругвај, Хозе Марија Хименез, опишувајќи ја ситуацијата и бранејќи се од обвинувањата.

Тепачката, туркањето и општото неред на тој дел од трибината траеле с\ до доаѓањето на обезбедувањето, кое потоа ги разделило двете страни. Челниците на КОНМБОЛ (Јужноамериканска фудбалска конфедерација) соопштија дека ги истражуваат деталите за инцидентот и дека најстрого ќе ги казнат виновниците и учесниците.

Дел од играчите и персоналот на двете репрезентации се судрија на самиот терен по полуфиналниот натпревар.

Колумбија се пласираше во финалето на Копа Америка каде ќе игра против бранителот на титулата Аргентина. Победата на Колумбијците, кои целото второ полувреме беа со играч помалку по исклучувањето на Даниел Нуњез во последниот моментои од првиот дел, им ја донесе голот на Џеферсон Лерма во 39 минута.

- Реклама -