Демонстрантите носат црвени транспаренти на кои се испишани имињата на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад
Продолжуваат протестите на студентите во Србија низ повеќе градови. Тие денеска ги повикаа сите граѓани да им се придружат низ улиците и да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе.
Во Белград е најавена блокада од 11 до 18 часот на најпрометниот мост Газела, додека во Нови Сад од 11 до 14 часот ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот.
На социјалните мрежи се објавуваат видеа на кои демонстрантите носат црвени транспаренти на кои се испишани имињата на жртвите.
Gazela blokirana ✊ pic.twitter.com/3axFTOxgnq
— Čuvari/ke vatre (@CuvariVatre) February 9, 2025
Српските медиуми пренесуваат и дека неколку студенти од Крагуевац трчаат штафетен маратон до храмот „Свети Сава“ во Белград во знак на поддршка, но и со цел симболично да им ги предадат поканите на колегите за протестот што ќе се одржи во нивниот град на 15 февруари.


Протести во Србија почнаа по уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад на 1 ноември. Студентите бараат одговорност за трагедијата, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата.
Протестите се проширија речиси во сите градови со барање на оставки. Студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.