(Vидео) Снимка од обидот за запалување на синагогата во Скопје: двајца лица забележани на камера

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, сподели видео-снимка од обидот за подметнување на пожар во синагогата во Скопје, која е снимена од безбедносните камери. На снимката можат да се видат две лица кои прескокнуваат ограда и се упатуваат кон влезот на објектот. Потем, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и на тој начин предизвикуваат пожар.

Според видеото, лицата носат ракавици, што укажува на нивната намера да избегнат идентификација. Оваа објава следи по реакцијата на Еврејската заедница во Македонија, која претходно изјави дека станува збор за сериозен инцидент и повика на целосно расветлување на случајот. Очеувањата се дека токму оваа снимка ќе биде клучен елемент во истрагата за идентификација на сторителите.

Прочитајте и:  ИОК ја укина суспензијата за руските спортисти