Видео снимено од авион од пожарите во Лос Анџелес

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес се искачи на десет, соопштија локалните власти. Пожарот, кој уништи речиси 10.000 згради и проголта над 13,7 илјади хектари земјиште, продолжува да се шири, не покажувајќи знаци на стивнување.

Посебно погоден е регионот Пацифик Палисадес, лоциран меѓу Санта Моника и Малибу, каде цели населби се уништени. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, предупреди дека бројот на загинати може дополнително да расте:

„Изгледа како да паднала атомска бомба во тие области. За жал, не очекуваме добри вести.“

Приватната метеоролошка организација „Акју ведр“ проценува дека досегашната штета од пожарите изнесува меѓу 135 и 150 милијарди долари, што ги позиционира овие пожари како едни од најразорните во историјата на САД.

- Реклама -