Снегот кој започна да паѓа од рано утрово во Скопје создаде хаос во сообраќајот. Во населбата Автокоманда, булеварот Александар Македонски беше место на верижен судир со учество на пет возила.Според изјави на возачите кои беа присутни на местото на несреќата, снегот предизвика застој и отежнато движење на автомобилите.
Дополнително,временската прогноза за наредните денови во Скопје предвидува продолжување на снежните врнежи,што може да предизвика дополнителни проблеми во сообраќајот. Граѓаните се советуваат да користат зимска опрема и да бидат внимателни во услови на снежни патеки.



