Скопје се разбуди со бела покривка од снег. Утрово, невремето донесе врнежи од снег кои значително го пребеледоа главниот град, а прогнозата е дека зимските услови ќе продолжат во текот на денот. Очекува се максимална дневна температура од околу 6 степени. Истите услови се одвиваат и во другите делови на земјата.
Висината на снежната покривка изнесува 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 сантиметри во Маврови Анови и еден сантиметар во Крива Паланка. Најстудено утрово е во Маврови Анови со -3 степени, додека во Крушево, Виница и Тетово температурите изнесуваат 1 степен, 2 степени се бележат во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово Охрид, Битола, Велес и Претор, додека во Гевгелија е најтопло со 6 степени.
Според прогнозите, во следните денови очекува облачно време со повремени врнежи, на некои планински предели и повисоки места од снег, а на пониските од дожд. Од вторник очекувана е сончева временска промена, со повеќе сонце и ниски утрински температури кои продолжуваат во текот на следната недела.