(ВИДЕО) Сериозен инцидент на трката во Формула 2

Денес, во Формула 2, се случи сериозен инцидент, но прво да напоменеме дека сите тројца возачи се добро.

Возачите Сами Мегетоуниф, Лук Браунинг и Арвид Линдблад не претрпеа значителни повреди, благодарение на „халото“ на болидот, безбедносна мерка која првично беше воведена во Формула 1, а подоцна и во Ф2.

Во исто време, се одржуваат квалификациите за Големата награда на Австрија на патеката Ред Бул Ринг.

Погледнете го видеото од несреќата.