Гинисовата книга на рекорди објави видео од средбата што се случи оваа седмица помеѓу Румејса Гелги (27) и Јјоти Амга (30), организирана по повод 20-годишнината од Гинисовиот ден на рекорди.Гелги, турски научник и правник, е висока неверојатни 215 см. Од друга страна е Амге, индиска актерка, висока едвај 63 сантиметри.„Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот“, изјави Амге пред камерата.„Таа е толку добродушна, што се чувствувам многу удобно со неа.Гелги додаде дека таа и Амге имаат многу заеднички работи.„И двете сакаме да се грижиме за себе, шминка, нокти и накит“, рече.Необичните пријателки продолжиле да разговараат и да пијат чај. Дуото ја доби титулата икони во јубилејното 70-то издание на Гинисовата книга на рекорди.„Никогаш не мислев дека ќе ме наречат икона, а особено ми е драго што тоа се случи во 70-тото издание на Гинисовата книга на рекорди“, изјави Амге.„Не можам да опишам колку сум среќна“, додаде таа.А Гелги беше воодушевена: „Да се видам себеси меѓу сите оние уметници и спортисти на кои секогаш им се восхитував – тоа е чувство што не може да се опише“.Според Гинисовата книга на рекорди, Гелги на 17-годишна возраст е прогласена за највисока тинејџерка во светот, а во 2021 година е потврдена како највисока жена на светот. Од друга страна, во 2009 година, на 15 години, Амге беше прогласена за најниска тинејџерка, а во 2011 година беше потврдена како најниска жена на светот.Текстот (Видео) Се сретнаа највисоката и најниската жена во светот е превземен од МАКФАКС.
Извор