![zdravi-kolaci-5f3a1f-800x450[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/03/zdravi-kolaci-5f3a1f-800x4501.jpg)
Фичо ќе приготви поздрава верзија на американски колачиња, без бел шеќер, без брашно и без путер.

Подготовка
Чекор 1: Кокосовото масло растопете го, но не дозволувајте да прегрее. Мерете го откако ќе го растопите.
Чекор 2: Сите состојки матете ги додека не добиете кремаста структура.
Чекор 3: Во Нутрибулетот измелете ги овесните снегулки за да добиете брашно. Внимавајте на мерките бидејќи ако додадете поголема количина на брашно од овес, колачињата ќе бидат суви и ќе се ронат.
Чекор 4: Брашното додадете го во смесата со кокосово масло, додадете ја содата и мешајте убаво да се соедини. Смесата покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер да отстои еден час.
Чекор 5: Загрејте ја рерната на 175 степени. Наредете ги колачињата и печете 10 минути.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: Купечките брашна може да содржат адитиви, затоа подобро е сами да го направите брашното од овес.
![zdravi-kolaci-5f3a1f-800x450[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/03/zdravi-kolaci-5f3a1f-800x4501-640x360.jpg)



