(Видео) Пред да им се приклучи во студиото, психијатрискиот случај коментирал на „Јутјуб“

Коментари на „Јутуб“ за време на поткастот „Тешки муабети“ претставувале предзнак за инцидентот во студиото. Лицето Горан Спасов, пациент во психијатриската болница во Бардовци, претходно јавно изразил свои ставови, на што водителот Александар Митовски-Мечка реагирал: „Абе, Горан Спасов, слушни, да ти кажам една работа. Те гледам, ама ни слика ни ништо не си ставил. Ниеден follower немаш, само мене ме следиш на инстаграм, те блокирав. Многу си силен, а? Еве знаеш каде сум! Дојди! Лигур“.

Кратко пред полноќ, по упадот, директното пренесување на поткастот беше прекинато, а десет минути подоцна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, се појави повторно за да извести дека некој насилно влегол во студиото со намера да го нападне бидејќи го навредувал премиерот. Според него, беше повикана полицијата, а против напаѓачот ќе следува кривична пријава.