(Видео) Поставена нова снимка од обидот за атентат на Трамп: Напаѓачот со пушка во рака поминал покрај обезбедувањето

Американската обвинителка Жанин Ферис Пиро објави видеоснимка на која се забележува како Кол Ален, осомничен за обид за атентат на американскиот претседател Доналд Трамп, поминува покрај обезбедувањето и агентите на Тајната служба во хотелот „Хилтон“. Тука се одржувала вечера на Здружението на дописници од Белата куќа. Обвинителката истакна дека осомничениот бил присутен на истото место и еден ден пред инцидентот, што дополнително се проверува во рамките на истрагата.

Според нејзината изјава, објавениот материјал веќе е поднесен до федералниот суд во САД и претставува дел од доказниот материјал во случајот. Ален се соочува со три точки од обвинението, вклучувајќи обид за атентат на претседателот на САД, нелегален транспорт на огнено оружје преку државни граници, и употреба на оружје при насилен кривичен чин. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со доживотна затворска казна.

Прочитајте и:  Војската на САД истрела врз нафтен танкер во Оманскиот Залив

Ален бил совладан и уапсен, а еден агент од Тајната служба претрпел полесни повреди.