До редакцијата на „Скопје1“ пристигна видео од Детската улица во Ново Лисиче, каде што се слуша музика од Тоше Проески. Во последно време, некои од жителите на оваа област се жалат на, како што велат, прегласна музика која нарушува мирот. Но, граѓанинът што го испрати видеото тврди дека музиката воопшто не е гласна и дека снименото покажува дека атмосферата е мирна, што е во спротивност со обвинувањата за прекумерна бучава. На видеото, музиката се слуша со умерен интензитет.



