(Видео) Норис: Неумесен потег, се направив смешен

Победата на Џорџ Расел, првата победа за 18-годишниот Андреа Кими Антонели, и сударот меѓу болидите на Мекларен ја одбележаа трката за Големата награда на Канада.

Ландо Норис не успеа да ја заврши трката во Монтреал, откако се судри со неговиот тимски колега, Оскар Пјастри, во 66-от круг. Норис го оштети автомобилот, а Пјастри продолжи со трката, завршувајќи на четвртото место. Сега, Норис заостанува 22 поени зад Пјастри, кој е втор во шампионатот.

„Не требаше да се обидам да го престигнам Оскар од надворешната страна во првата кривина. Помислив дека имам малку простор, но ризикот беше преголем, особено бидејќи беше мојот колега. Среќен сум што се заврши без последици за него. Ја платив цената за мојата грешка“, изјави Норис.

Мекларен им дозволува на своите возачи да се натпреваруваат меѓусебно, а двајцата се во трка за шампионатот, заедно со Макс Верстапен од Ред Бул, кој ја заврши трката втор зад Џорџ Расел од Мерцедес. Според тековната листа, Пјастри е прв со 198 поени, Норис следи со 176, а Верстапен има 155 поени.

„Главното правило е да нема контакт со тимскиот колега, а јас токму тоа го направив. Мекларен е мојот втор дом и кај нив се тркам секој викенд. Многу ми е жал што така ги разочарав и се чувствувам многу каествено“, додаде Норис.

По трката, Ландо веднаш му се извини на Пјастри, прифаќајќи ја својата грешка и во некоја мера зачувајќи ја добрата атмосфера во тимот.