(Видео) Нејмар ги отфрли лекарските совети и му обезбеди на Сантос значајна победа

Нејмар постигна гол и асистенција, а тимот на Сантос триумфираше над Спорт Ресифе со 3:0 во важниот натпревар за опстанок во бразилската Серија А.

И покрај повредата на коленото и советите на лекарите да не игра, Нејмар одлучи да излезе на теренот.

Во битката од 36-то коло на првенството, тој беше дел од почетниот состав.

Отфрлајќи ги упатствата на медицинскиот тим, во текот на неделата тој активно тренираше, а неговата упорност се исплатеше.

Нејмар го отвори резултатот со гол, а потоа додаде и асистенција.

„Физички сум во добра форма, се чувствувам сè подобро. Повредата е иритирачка, но не ми ја ке спречи мојата желба за игра. Сега е важно да размислуваме за Сантос и да се бориме за неговото место во Серија А“, изјави 33-годишниот Нејмар.

Со освоените три бода, Сантос, во најнегативен случај, ќе заврши на 16-то место, над зоната за испаѓање, поради подобрата гол-разлика во однос на Интернационал.