Големата прослава на навивачите на Пари Сен Жермен по пласманот во финалето на Лигата на шампионите во Париз се претвори во хаос.
Според информации од француските медиуми, 127 лица биле уапсени поради нарушување на јавниот ред и употреба на пиротехника. Во судирите помеѓу навивачите и полицијата, 23 полицајци биле повредени.
Немирите оставија негативен печат врз успешниот настап на францускиот тим, кој по втор пат по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.
Парижаните, актуелни европски шампиони, ќе ја бранат својата титула во Будимпешта на 30 мај. Минатата сезона тие ја освоија титулата со убедлива победа од 5:0 над Интер.
Сцените од синоќа потсетија на минатогодишната прослава, која исто така заврши во насилство со уште полоши последици. Во тие немири загинаа две лица, беа подметнати 692 пожари, 190 лица беа повредени, а повеќе од 500 беа уапсени.
$bp(“TargetVideo_78143853”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”2585477″,”autoplay”:0,”shared”:true});




